Американска болница ќе третира трет пациент со Ебола

Болницата на Универзитетот Емори во Атланта вели дека очекува пациентот да пристигне во вторник, со специјален авион.

Американска болница се подготвува да третира трет Американец заразен со вирусот на ебола во Западна Африка.

Болницата на Универзитетот Емори во Атланта вели дека очекува пациентот да пристигне во вторник, со специјален авион.

Други детали за идентитетот на пациентот не се објавени.

Минатиот месец болницата успешно третираше двајца хуманитарни работници кои се заразиле цо ебола во Либерија.

Четврти Американец е третиран за ебола во сојузната држава Небраска.

Епидемијата на ебола во Западна Африка уби над 2.000 луѓе во Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне и Нигерија.

Светската здравствена организација во понеделникот кажа дека вирусот прогресивно се шири во Либерија, и дека очекува таму да бидат забележани илјадници нови случаи во наредните недели.