Рекордно голем број Американци гласаат порано

Пред 8-ми ноември се очекува да гласаат 40 проценти од граѓаните

До 8-ми ноември има само уште осум дена, но многумина излегоа на избирачките места за да гласаат рано и се очекува нивната бројка да достигне 40%. Предвременото гласање во некои општини започна на 23-ти септември, а во моментов е дозволено во 37 сојузни држави и главниот град Вашингтон, а секоја од државите има свои процедури и датуми.

Во 1992-та година, порано гласаа само 7% од Американците и тоа, и тоа требало да имаат добра причина, како болест или да не бидат дома на денот на изборите. Годинава, луѓето може да излезат на гласање порано без посебна причина.

Во Вашингтон првата сабота откако се отворија гласачките места, само на една локација гласале рекордни 2.500 гласачи, а бројката се очекува да расте.

Тексас исто така го сруши рекордот, за двојно зголемувајќи го бројот на предвремени гласачи на првиот ден откако се отворија избирачките места, споредено со изборите во 2012-та.

Во Тенеси, се појави и славна личност, поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк веќе гласаше, повикувајќи ги и другите да го сторат истото.

Во Западна Вирџинија редици за порано гласање има насекаде.

Со отворањето на гласачките места во четвртокот нов рекорд постави и сојузната држава Мериленд. Во еден ден на гласање излегле преку 125.000 лица.