Две гробници од архајскиот период откриени во струшко

Your browser doesn’t support HTML5

Две гробници од архајскиот период откриени во струшко. Надградник, дел од златна рака, златни прстени и други вредни наоди, 80-тина на број, се откриени во гробница, на длабочина од пет метри во струшкото село Корошишта. Автор: Мики Трајковски

Перо Арџанлиев-археолог и раководител на проектот за истражување

„Вакви наоди се откриваат еднаш во векот и ние ги нарекуваме епохални откритија. Ова оддекна како археолошка бомба не само во Македонија, туку и во регионот. Ова е историја. Како што беше историја 1918 и 1932 година, откривањето на Требениште, така е и историја, 2024 година, откривањето кај Корошишта“, рече Перо Арџанлиев - археолог и раководител на проектот за истражување.

Две гробници од архајскиот период од 6-ти век пред нашата ера, со 80-тина разни други предмети е откриена кај струшкото село Корошишта. Откритието е епохално, велат археолозите по големината на гробницата, која по многу нешта ја надминува Требенишката некропола и карактерот на наодите. Откритијата го осветлуваат велат животот на цивилизациите кои оставиле траги од минатото.