СКОПЈЕ – ДУИ ќе ги користи сите демократски механизми на располагање, вклучувајќи ги и протестите, за да ја спроведе волјата на граѓаните од парламентарните избори. Денес во седиштето на партијата во Мала Речица се одржува седница на Централното претседателство на а пред почетокот портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми, не ја исклучи можноста од организирање протести наесен.
Тој кажа дека партијата ќе ги искористи сите демократски механизми кои се на располагање и за следните чекори ќе се консултира со американскиот експерт кој го ангажираше и еден од авторите на Охридскиот рамковен договор, Пол Вилијамс.
„Ние сме државотворна партија и со нашите политики докажавме дека се залагаме за подобра перспектива за граѓаните и државата. Сите демократски механизми кои ги имаме на располагање ќе ги искористиме за да се преточи во конкретна правна норма легитимитетот на Албанците. Зошто би се мачеле да бидеме подобри од нашите опоненти кога некој друг одлучува кој ќе биде претставник на Албанците и другите заедници. Тоа што е предвидено со законска рамка тоа ќе го искористиме за нашите политики да бидат дел од правниот поредок. Се гледа дека имаме различен пристап околу тоа што предвидува Охридскиот Рамковен договор, различно се чита и се толкува и затоа сме доведени во оваа ситуација каде треба да ги преземеме сите демократски мерки кои ни се располагање. Денес е дискутираме за драфтот мерките и политиките кои треба да се преземат и ќе има коментар од наша страна до експертот Вилијамс и во зависност од тоа ќе ги одредиме нашите идни чекори“, изјави Адеми.
Адеми не даде никаков коментар околу тврдењата на владејачката ВМРО – ДПМНЕ за план за дестаблизација на државата.
ВМРО – ДПМНЕ пак веднаш преку соопштение одговори на изјавата на Адеми, обвинувајќи ја ДУИ се обидува да го штити својот криминал и дека партијата е „киднапирана од мала група бандити во врвот“.
„Визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден дури и на милионерите внуци на Ахмети, ограби ја и уништи ја државата и нејзините институции, па криј се зад лажниот патриотизам. Изјавата на Арбр Адеми е трагикомична и може да послужи како пример на отсутен политичар. Ако визијата на ДУИ е да се иселат над 150 илјади Албанци од државава колку што се иселени изминативе 20 години додека ДУИ е на власт тогаш јака визија имаат. Ако визијата е притоа милијардери да станат десеттина луѓе од раководството и милионери, уште стотина тогаш треба да ја патентираат визијата. Ако визијата е да ги срушат институциите од внатре и да ги пљачкаат злоупотребувајќи ја власта моќта и довербата на нивните гласачи, тогаш јака им е визијата“, одговорија од ВРМО – ДПМНЕ.
Се огласија и од коалицијата „ВРЕДИ“ со сличен став дека ДУИ се обидува да го заштити криминалот направен во годините на власт и го нагласија примерот со организирање н игри на среќа и обложување.
„Почитувани граѓани, ДУИ делува како криминална организација, која, за да ги заштити своите поранешни корумпирани функционери, размислува на деструктивен начин. Ние како коалиција ВЛЕН долго време тврдиме дека нивната идеја е да ги направат Албанците заложници во обид да избегнат правосудна одговорност за грабежот што го направија на народот за време на нивниот 22-годишен режим. Затоа, додека не се реформираат програмски и кадровски, тие нема да можат да бидат реална политичка конкуренција“, изјави Фари Хисени, портпарол на коалицијата „ВРЕДИ“.
На денешната седница на Централното претседателство ќе се разгледува нацрт документот изработен од еден од авторите на Охридскиот рамковен договор, Пол Волерс, кој е ангажиран од ДУИ за да се изнајде решение и да се спроведе принципот „победник со победник“ на изборите кој ДУИ го напушти во 2017 година коалицирајќи со СДСМ. На седницата се разговара и за прославата на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор како и за ветингот на политичари, судии, обвинители и сите носители на јавни функции во изминатите 32 години но и на бизнисмени и процесот на приватизација.