Коментирајки го окрупнувањето на албанската опозиција, во пресрет на престојните претседателски и парламентарни избори, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид рече дека тоа е добро за демократијата во државата.
„Конечно дојден крајот на најдолговечната политичка партија на власт во Македонија, повеќе од 22 години, ДУИ и е добро да замине во опозиција, да доживее внатрешна катарза и реформирање“, рече тој.
На прашањето дали професорката Гордана Сиљановска Давкова, повторно ќе биде нивни претседателски кандидат, Мицкоски рече дека, делегатите околу 500 на број на 2 март, на конвенција која ќе се одржи во Скопје ќе одлучат, кој ќе биде нивниот кандидат за шеф на државата.