Администрацијата на Обама вели дека новата политика против илегалната дрога повеќе ќе се фокусира на превенција и на третман отколку на масовни апсења и затворање на прекршителите на законот.
Новата стратегија ја објави директорот на Канцеларијата за контрола на дрогата во Белата куќа, Гил Керликовски. Тој рече дека политиката е пристап на зависноста со дрога како на болест која може да се лекува, а не како на криминал, и ја затвора вратата на користењето на дрогата, затворањата и повторителни апсења.
Новата политика се имплементира во време кога користењето на дрога во САД е во опаѓање. Нов извештај покажува дека користењето кокаин паднало за 40 проценти меѓу 2006 и 2010, заедно со 50 проценти опаѓање на користењето на метамфетамин.
На американскиот претседател Барак Обама му беше поставено прашањето за исправноста на децении долгата американска „војна против дрогата“ од латино-американските лидери на минатонеделниот самит на јужноамериканските држави во Колумбија. Обама ги отфрли повиците на претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос и други лидери за легализирање на дрогата, кои тврдеа дека тоа е поефикасна и поевтина алтернатива на американската „војна против дрогата“.