МВР ги подигна дроновите за да може полесно да ги улови подметнувачите на шумските пожари. Дроновите ќе летаат 24 часа во денот во повеќе подрачја од државата и се опремени со термални камери за да бидат оперативни и во ноќни услови. Дроновите ќе помогнат и при рана детекција на пожарите но и причините за избувнување.
„Со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку и детектирање на можните причини или причинители на истите“, велат од МВР.