Дополнителни 18 хаубици од американско производство за Украина

  • VOA

Your browser doesn’t support HTML5

Осумнаесет хаубици од американско производство се дел од најновиот пакет за безбедносна помош наменет за Украина, вреден околу 800 милиони долари. Хаубиците се дел од одбранбениот договор вреден 1,2 милијарди долари меѓу Украина и Германија. Известува Ана Костутченко.

Верзијата Паладин на самоодните хаубици на американската армија беше воведена во Армијата на САД во 1992 година. Според Министерството за одбрана на Украина, земјата ги добила првите артилериски парчиња во мај 2022 година.

24-тата одвоена механизирана бригада ги користи од есента 2023 година.

Според условите на договорот меѓу Германија и Украина, уште 18 самоодни хаубици ќе бидат испорачани во 2026 и 2027 година, иако никој овде не се надева дека војната сè уште ќе трае тогаш.