Сослушувањето во Вишиот суд во Лондон беше последната правна надеж за основачот на Викиликс Џулијан Асанж да ја запре неговата неизбежна екстрадиција во САД.
Судиите одлучија дека мора да се одржи целосно жалбено рочиште за тоа дали австралискиот државјанин ќе може да повика на САД и правото на слобода на говор со првиот амандман.
Адвокатите на Асанж успешно тврдеа дека американските владините гаранции за неговата способност да се потпре на тие права од Првиот амандман беа несоодветни. Нов процес на жалба може да трае со месеци или години.
„Ова е добра вест бидејќи значи дека случајот Џулијан Асанж сега може да продолжи на сослушување кое суштински ќе ги разгледа аргументите за слободата на изразување“, вели Сајмон Кровтер од Амнести Интернешенал.
Асанж не беше на Суд поради нарушено здравје. Неговата сопруга Стела рече дека тоа е вистинска пресуда.
„Како семејство сме порелаксирани, но колку долго може да продолжи ова? Соединетите држави треба да ја разгледаат ситуацијата и да се откажат од овој случај“, вели Стела Асанж, сопруга на Џулијан Асанж.
Американските обвинителите поднесоа 18 обвиненија против Асанж, поврзани со наводи за хакирање и кражба на доверливи материјали.
Во 2010 година, Викиликс објави илјадници украдени дипломатски телеграми поврзани со војните во Авганистан и Ирак, за кои Асанж рече дека откриваат злоупотреби од војската на САД.
Американската Влада тврди дека неговите постапки го надминале новинарството со барање, крадење и неселективно објавување доверливи владини документи кои ги загрозувале невините животи.
Но, поддржувачите на Асанж велат дека случајот е витален преседан.
„Она за што се гони Џулијан Асанж е нешто што го прават новинарите цело време: тие добиваат доверливи материјали што откриваат воени злосторства или наводни воени злосторства, или злосторства против човештвото, сериозни прекршувања на човековите права. И тоа е од јавен интерес, а тие ги објавуваат документите“, смета Сајмон Кровтер од Амнести Интернешенал.
Асанж ги помина последните пет години во затвор со висок степен на обезбедување.
Во наредните месеци тој ќе има право да поднесе нова жалба пред британските судови - каде што ќе треба да утврди дека аемриканскиот судскиот систем му го ускратува правото на слобода на говор.