Џамала: Песни за слобода

Your browser doesn’t support HTML5

Преку концерти, собирање средства и активизам, победничката на Евровизија 2016, Џамала, му покажува на светот како музиката може да ѝ помогне на Украина во време на војна.

Преку концерти, собирање средства и активизам, победничката на Евровизија 2016, Џамала, му покажува на светот како музиката може да ѝ помогне на Украина во време на војна.

„Џамала: Песни за слобода” ја следи пејачката и текстописец Џамала како бега од Украина со нејзиното семејство во раните часови на руската целосна инвазија на Украина на 24-ти февруари и станува активистка, собирајќи средства и ја крева свеста за нејзината татковина. Џамала се здоби со меѓународна слава во 2016-та како победничка на евровизискиот натпревар каде настапи со песна со политички набој „1944” за руската депортација на Татари од Крим во Централна Азија таа година, во која било вклучено семејството на нејзината прабаба. За време на нејзиниот егзил, Џамала гостувала во реномирани институции, меѓу кои и Кенеди центарот во Вашингтон, Националната Опера во Киев и настапила на Евровизискиот натпревар 2023 во Ливерпул, Англија. Нејзиниот најнов албум, “QIRIM,” што значи Крим, е во чест на нејзините корени од Кримските Татари.