Дијабетесот го зголемува ризикот за развивање деменција, што влијае на когнитивната способност и меморијата. Истражувачи од Австралија ги разгледуваа резултатите од 14 студии во кои биле вклучени повеќе од два милиони луѓе.
Анализата вклучува податоци од 100 илјади пациенти со деменција.
Пронајдено е дека луѓето со дијабетес од типот 2 имаат 60 проценти повеќе шанси да развијат било каква форма на деменција, отколку оние луѓе кои немаат дијабетес.
Тие се изложени на зголемен ризик за таканаречената васкуларна деменција, која влијае на крвниот тек и на мозокот. Експертите велат дека васкуларната деменција обично е резултат на серија помали мозочни удари.
Истражувачите нашле дека жените со дијабетес имаат два пати повеќе шанси да бидат дијагностицирани со васкуларна деменција отколку оние без дијабетис. Стапката на жени со дијабетес, исто така, е повисока отколку стапката на мажи со дијабетис.
Најчеста причина за деменција е Алцхајмеровата болест, што е всушност акумулирање на остатоци од протеини во мозокот.
Васкуларната деменција ја предизвикуваат оштетени крвни садови во мозокот и е многу почеста во комбинација со дијабетесот.
Авторите на студијата сугерираат дека жените можат да бидат изложени на ризик од васкуларна деменција бидејќи тие не се лекуваат како мажите, за висок крвен притисок, на пример. Покачен крвен притисок придонесува за срцеви заболувања.
Научниците велат дека се потребни се повеќе истражувања за да се разбере како вишокот на шеќер во крвта влијае на крвните садови, посебно кај жените.
Тие истакнаа дека со добра грижа за виталност преку вежбање и здрава диета и непушење, може да се помогне во намалување на ризикот.
Наодите се објавени во списанието „Грижа за дијабетесот“.