ДеСантис и Хејли се напаѓаа меѓусебно додека Трамп имаше средби со граѓаните во Ајова

Поранешната амбасадорка во ОН Ники Хејли и гувернерот на Флорида Рон ДеСантис си го вперуваат пристот еден на друг за време на републиканската претседателска дебата на Си-Ен-Ен на Универзитетот Дрејк во Де Мојн, во сојузната држава Ајова, 10 јануари 2024 година.

Дебата на двајца добри Републикански кандидати за номинација на претседател кои се надеваат дека ќе го стигнат фавротиот Трамп

На петтата републиканска претседателска дебата, во средата навечер, учествуваа двајца од тројцата најдобри кандидати, гувернерот на Флорида Рон Де Сантис и поранешната амбасадорка на Обединетите нации Ники Хејли.

Спорната дебата се одржа во сојнузната држава Ајова, која го одржува првиот настан за претседателско номинирање во земјата за помалку од една недела.

Напади и обвинувања

ДеСантис и Хејли го поминаа поголемиот дел од двочасовната дебата напаѓајќи се едн со друг и ретко критикувајќи го фаворитот, поранешниот претседател Доналд Трамп. На прашањето дали мисли дека Трамп има карактер да управува со земјата, Хејли избегна директно да одговори на прашањето, велејќи дека на следниот претседател му треба „морална јасност“. Поранешниот гувернер на Јужна Каролина беше цврст за исходот од изборите во 2020 година, што Трамп го негираше, велејќи дека „Трамп загуби, (Претседателот на САД Џо) Бајден победи“.

„Размислување како Обединетите нации“

Во една од главните поенти, ДеСантис укажа на одобрувањето на средства од страна на Хејли за поддршка на Украинците како „начин на размислување на Обединетите нации“, делувајќи како САД да имаат неограничени ресурси, и кажа: „Можете да го тргнете амбасадорот од Обединетите нации, но не и Обединетите нации од амбасадорот“.

Хејли отстапува од растечкиот републикански отпор кон помошта за Украина, поддржувајќи го обезбедувањето опрема и оружје поради нејзиното предвидување дека доколку Русија победи, „Полска, Балтикот се следните, а тоа ги става САД во ризик“. Сепак, таа се противи на испраќање пари во која било странска земја, со оглед на неможноста да се следи.

За конфликтот меѓу Израел и Хамас, ДеСантис рече дека „Хамас сака втор холокауст, па САД треба да го поддржат Израел“. Хејли го поддржува и Израел. ДеСантис рече дека не поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците.

Ниту еден од кандидатите нема да ги поддржи нападите во Иран за да го запре ширењето на војната меѓу Израел и Хамас, но Хејли „ќе го отстрани производството што му дозволува на Иран да ги нападне“ американските трупи во Ирак и Сирија.

ДеСантис зборуваше за потребата од раздвојување на кинеската и американската економија, особено во однос на фармацевтските производи и оружјето, со давање даночни и регулаторни стимулации на американските компании.

Нема амнестија за имиграција

За имигрантите без документи, Хејли поддржува дефинансирање на градовите за засолниште, уште 25 000 агенти за гранична контрола како и припадници на Имиграција и царинско спроведување на САД, и промена на изреката „фати и пушти“ во „фати и депортирај“. ДеСантис сака да наметне давачки за дознаки во странски земји за да плати за граничен ѕид.

Ниту еден од кандидатите нема да даде амнестија на повеќе од 10 милиони имигранти без документи кои живеат во САД. ДеСантис предложи да се отстранат придобивките што ги добиваат и да се елиминираат мамките за да влезат; Хејли рече дека ќе ги депортира затоа што „го земаат редот“ на легалните имигранти.

За време на двочасовната дебата, ДеСантис ја нападна Хејли за промена на нејзиниот став за истакнати прашања, што ја натера Хејли постојано да ја насочува публиката на веб-локација на која е наведено тоа што таа ги нарекува лаги на ДеСантис.

Недалеку од дебатата Трамп со свои активности

Трамп, кој се соочува со 91 кривична пријава во четири обвиненија, има предност од 30 до 40 поени пред двата ривали во анкетите во Ајова. Како што беше неговиот модел во изминатите четири дебати, Трамп ја прескокна средбата со своите конкуренти лице в лице во дебатата на Си- Ен-Ен, и одбра вчера да одржи средба со граѓаните која се одржа на околу 3 километри, а се емитуваше на Фокс. Поранешниот претседател посочи дека знае кој ќе биде неговиот потпретседателски избор, ако тој е номиниран од партијата, но не даде никакви навестувања.

Во прашање од публиката, Трамп беше запрашан како ќе ги задржи САД од странски војни. „Мир преку сила“, одговори тој, тврдејќи дека Украина или неодамнешниот напад во Израел никогаш немаше да се случат ако тој бил во Белата куќа.

„Тие гледаат слаб претседател на нашата земја“, продолжи тој, „и направија нешто што беше незамисливо“.

Кандидат помалку

Претходно, републиканскиот кандидат и поранешен гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, ја прекина својата трка за номинација за претседател, велејќи дека изборите се „борба за душата на нашата партија и душата на нашата земја“, но тој не може да види „пат кон победа за номинацијата“. Кристи се претвори од поддржувач во отворен критичар на Трамп.

Политичките експерти предвидуваат дека заминувањето на Кристи од трката ќе биде од корист за Хејли во Ајова и Њу Хемпшир, но тој не поддржа никого за номинацијата.