Американскиот сојузен судија изрази жестоко негодување и непочитување кон главниот правобранител Џеф Сешнс во врска со сослушувањето на две азилантки, мајка и ќерка, и фактот дека биле депортирани со авион во Ел Салвадор.
Судијата на Окружниот суд, Емет Саливан мерката на владините лица ја нарече „срамна“. Тој кажа дека владата се чини дека ја „разочарала“ жената и нејзиното дете во нивната правна битка против депортација.
„Вратете го тој авион назад“, изјави судијата, велејќи дека е „исклучително вознемирен“ со развојот на настаните.
„Воопшто не сум среќен со ова“, рече Саливан. „Ова не е прифатливо“.
Жената, идентификувана во судските документи како „Кармен“, е тужител во тужба поднесена неделава од страна на Американската унија за граѓански слободи (АУГС) против Џеф Сешнс, поради неговата неодамнешна одлука да престане со давање азил на луѓе кои се соочуваат со домашно насилство и банди.
АУГС и владата постигнаа договор дека никој од луѓето во случајот, нема да бидат депортирани пред четврток.
Џенифер Чанг Нуел, главната адвокатка на АУГС, за време на сослушувањето, дознала дека мајката и ќерката биле депортирани од центарот за притвор во Тексас и го информирале судот.
Официјален претставник за домашна безбедност изјави доцна во четвртокот дека мајката и ќерката „веднаш се вратиле“ во Тексас од Ел Салвадор.
Жената пребегала во САД од нејзиниот сопруг кој ја навредувал и сексуално ја злоставувал, како и од смртни закани од членови на банди.
По сослушувањето, судијата Саливен издаде наредба за вонредна состојба за запирање на депортацијата на кој било од имигрантите, бидејќи смета дека тој има поширока надлежност во случајот.