Демократската иднина на Грузија насочена кон неизвесност

  • Хенри Риџвел

Your browser doesn’t support HTML5

ЕУ лани ѝ додели кандидатски статус на Грузија, но аналитичарите велат дека владата, предводена од најбогатиот човек во земјата, се свртела кон Русија. Критичарите предупредуваат дека демократската иднина на Грузија е во залог на изборите во октомври. Известува Хенри Риџвел. .

Грузијците го нарекуваат „стаклен замок“. Замок од педесет милиони долари со поглед на Тбилиси, со аквариум за ајкули и хелиодром. Тоа е дом на милијардерот Бидзина Иванишвили, најбогатиот олигарх во Грузија - и основач на владејачката партија - Грузиски сон.

„Иванишвили е вистинскиот владетел на оваа земја. Тој поседува една третина од грузискиот БДП и своето богатство го стекна во Русија кон крајот на 90-тите. Тој сè уште има интереси во Русија преку неговите офшор компании - и не само тој, туку и членовите на неговото семејство. Дали е можно, или е реално да се очекува од таков поединец дека ќе направи се за Грузија да стане членка на ЕУ и НАТО? Мислам, не“, вели Ека Гигаури од Транспаренси интернешнл од Грузија.

Таа битка за иднината на Грузија - како дел од Западот или во гео-политичката орбита на Русија - се одвива по улиците на Тбилиси. Таканаречениот закон за „странски агенти“, како оној во Русија, ја поттикна опозицијата да излезе по улиците пред изборите во октомври.

Антивладините демонстранти покажуваат солидарност со Украина во нејзината борба против руската доминација.

Протестите го истакнаа Иванишвили во центарот на интересот на јавноста. На про-владиниот митинг во април, тој рече дека западната „глобална коалиција за војна“ се меша во Грузија.

„Руската инвазија на Украина го принуди да појасни и да заземе страна. И тој не сакаше - но на крајот се движеше повеќе кон руска насока - иако Грузискиот сон се обидува да го скрие тоа, а не да го каже отворено. Иванишвили донесе стратешка одлука дека Русија победува во оваа војна, така што ние треба да останеме со победникот, потенцијалниот победник, како што тој го виде тоа“, вели Гиа Нодиа, политички аналитичар од Универзитетот Илиа.

Критичарите велат дека партијата Грузиски сон игра на картата на загриженоста кај граѓаните.

„Главната пропагандна линија во моментов е дека „ако сме надвор од власта, војната со Русија е неизбежна“. Тие се обидуваат да ги прикажат Западот и западните земји - особено САД и Европската Унија - како некој вид непријател на грузиските традиционални интереси и семејни вредности“, смета Ака Заркуа од Центарот за мониторинг на власта.

Владините поддржувачи ги негираат ваквите обвинувања.

„Главната цел на грузиската влада е да го одржи мирот“, тврди парламентарецот Фридон Инјиа.