Протестот пред федералната агенција во Вашингтон беше фокусиран на работата на Илон Маск, назначениот од претседателот Доналд Трамп за намалување на американската влада.
„Народот треба да одлучи како ќе ги браниме Соединетите Американски Држави. Народот треба да одлучи како се трошат парите на нивните даночни обврзници. Илон Маск не може да одлучува“, рече сенаторот од редовите на демократите, Крис Марфи.
Маск е најбогатиот човек на светот и главен извршен директор на компанијата за електрични возила Тесла и воздухопловната компанија Спејс Икс. Тој, исто така, поседува и други компании, вклучувајќи ја и платформата за социјални медиуми Икс, порано позната како Твитер.
Од инаугурацијата на Трамп, Маск, како водач на новосоздадениот Оддел за ефикасност на владата, или Доуж, почна да работи на намалување на она што тој и претседателот Трамп го гледаат како скапи федерални програми.
Тимот на Маск, наводно, добил пристап до платните системи на Одделот за финансии, предизвикувајќи загриженост, и побарал контрола врз Американската агенција за меѓународен развој или УСАИД, која обезбедува хуманитарна и друга помош за повеќе од 100 земји.
„Претседателот Трамп му нареди на својот корумпиран пријател милијардер, Илон Маск, да ограби критична агенција на американската влада“, истакна демократот Дон Бејер.
Трамп, сепак, ја повтори својата поддршка за Маск.
„Тоа е нешто за што тој чувствува дека е неопходно, и јас сум импресиониран затоа што тој веќе води голема компанија“, рече Трамп.
Илон Маск рече дека она што го открил во УСАИД не може да се спаси.
„Додека изстражувавме во УСАИД, стана очигледно дека она што го имаме овде не е јаболко со црв во него, туку имаме цела топка од црви“, рече Маск.
Конгресните демократи го оспоруваат тоа и велат дека е погрешно што Маск има толку голема моќ, мала одговорност и надзор, особено ако се има предвид дека Спејс Икс има договори со федералната влада.
„Не е избран од народот, неодговорен милијардер со експанзивен конфликт на интереси, длабоки врски со Кина и недискретен против наводните непријатели, киднапирајќи ги најчувствителните системи за финансиски податоци на нашата нација и нашите налози за плати“, вели Пети Мареј, демократска сенаторка.
Но, Трамп вели дека Белата куќа го обезбедила потребниот надзор на работата на Маск.
„Каде што мислиме дека има конфликт или има проблем, тогаш нема да му дозволиме да се приближи. Ние се обидуваме да ја намалиме владата, а тој веројатно може да ја намали како и кој било друг, ако не и подобро“, вели Трамп.
Во својата улога како „специјален вработен во владата“, на Маск му е дозволено да работи, но не повеќе од 130 дена годишно.