Делта варијантата заразна како сипаници

Нов извештај на Центрите за контрола и превенција на болести во САД веќе предизвика заострени превентивни мерки за коронавирусот

Според извештаите објавени во „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“, Центрите за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) се очекува да објават во петок интерен федерален здравствен документ за Делта варијанта на коронавирусот што може да се шири „лесно како сипаници“ кај вакцинирани и невакцинирани лица.

Весниците објавија дека документот е презентација со слајдови дистрибуирана до службените лица во агенцијата. Презентацијата детално ги опишува тешкотиите во убедувањето на некои популациони групи да се вакцинираат и да носат маски.

Презентацијата ги повикува службените лица на ЦДЦ да развијат пораки за јавните служби кои „ја нагласуваат вакцинацијата како најдобра одбрана против варијантата која е толку заразна што делува како различен, нов вирус, пренесувајќи се побрзо отколку еболата или настинката“.

Заради фактот што Делта варијанта на вирусот кој предизвикува Ковид-19 брзо да се шири низ целата земја, американскиот претседател Џо Бајден објави дека цивилите вработени во федерална влада мора да бидат вакцинирани или да се подложуваат на редовно тестирање и носење маски.

„Од секој вработен во федералната влада ќе биде побарано да го потврди својот статус на вакцинација“, рече Бајден во четвртокот во обраќање од Белата куќа. „Секој што не потврдува дека е вакциниран или не е вакциниран, ќе треба да носи маска без разлика каде работи, да се тестира еднаш или два пати неделно, да одржува социјално растојание и на тие лица нема да им биде дозволено да патуваат за работа “.

Федералната влада вработува повеќе од 4 милиони Американци, а над 2 милиони од нив се дел од федералната цивилна работна сила, се вели во соопштението на Белата куќа.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте најави мерки за затворање во петокот за регионот на главниот град Манила, каде живеат 13 милиони луѓе. Тоа ќе стапи на сила од 6 август и ќе трае до 20 август.

Соседите на Токио се ставени под вонредна состојба од 2 до 31 август, според јапонскиот дневен весник „Асахи Шимбун“. Токио, каде во моментов се одржуваат Олимписките игри, и Окинава, веќе се под вонредна состојба поради ширењето на коронавирусот.

Саитама, Чиба, Канагава и Осака се новите префектури кои се опфатени со вонредната состојба.

Хокаидо, Ишикава, Кјото, Хјого и Фукуока, соседи на Токио, исто така ќе бидат ставени под мерки за вонредна состојба.

Под вонредна состојба бизнисот е суспендиран на локации што служат алкохол.

Јапонија објави рекорден број дневни случаи на Ковид во време кога земјата е домаќин на Олимписките игри во Токио.

„Асахи Шимбун“ доцна во четвртокот соопшти дека Јапонија имала повеќе од 10.000 случаи на коронавирус дневно, што е прв пат дневниот преглед на земјата да ја надмине цифрата од 10.000. Весникот објави дека 24 лица поврзани со Олимписките игри биле позитивни на Ковид-19, вклучително и тројца спортисти, со што вкупната бројка достигнала 193 лица за луѓе поврзани со Игрите кои биле позитивни на Ковид-19.

Од СЗО стравуваат дека 47 од 54-те држави во Африка нема да ја постигнат целта за вакцинирање на 10% од нивната популација до септември. Во Африка се администрирани помалку од 1% од над 4 милијарди дози на вакцини дадени на глобално ниво.

Многу земји од Латинска Америка исто така заостануваат. Регионот, заедно со Карибите. има 1,25 милиони смртни случаи поврзани со Ковид-19. Аргентина, Бразил и Уругвај инокулираа околу 50% од нивното население, а повеќето од другите успеаја да вакцинираат само околу 30% - со Хондурас, Гватемала и Венецуела кои имаат помалку од 10% вакцинирано население.

САД испратија милиони дози вакцини во Латинска Америка на почетокот на овој месец, како дел од заложбата на Бајден да се стави крај на пандемијата во светот. Еден милион дози од вакцината „Џонсон и Џонсон“ биле испратени во Боливија, милион дози на „Фајзер“ во Парагвај во петокот и 1,5 милиони дози од „Модерна“ во Гватемала, соопшти Белата куќа.

Генерално, низ целиот свет, само 1,1% од луѓето во земјите со ниски примања примиле барем една доза на вакцина.

Ресурсниот центар на Џонс Хопкинс за коронавирус рано во петокот објави 196.634.210 глобални инфекции со ковид.