Американскиот претседател Џо Бајден се соочува со прашања од неговата партија оваа недела, додека законодавците се враќаат во Вашингтон и среде загриженоста дека лошиот настап во дебатата на Бајден ќе ги уништи неговите шанси да го победи Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.
„Тој треба да се повлече бидејќи не може да победи“, вели демократот Мајк Квигли.
Конгресменот Мајк Квигли, еден од неколкуте демократи во Претставничкиот дом и Сенатот, кои јавно изразија загриженост дека Бајден не се изјаснил оти е доволно здрав за да служи уште четири години.
Но, мнозинството демократи сепак ја ветија својата поддршка.
„Претседателот Бајден е номинација, а ние го поддржуваме кандидатот на демократите што ќе го победи Доналд Трамп. Тоа е факт“, вели Пит Агилар, демократски конгресмен.
Белата куќа рече дека дебатата на Бајден била привремен привид.
„Имаше лоша ноќ. Сме разговарале за тоа. Тој ги разбира грижите на луѓето. Ги слушаме, како и претходните месеци. Гледате од неговиот ангажман со секој ден на теренот“, изјави Карин Жан-Пјер, портпаролка на Белата куќа.
Еден аналитичар изјави за Гласот на Америка дека законодавците не се единствените кои Бајден треба да ги придобие.
„Тој треба да ги слушне нивните грижи. Тој треба да биде искрен со нив за обврските и каков е неговиот план да ги спроведе. Но, тој има и проблем со маркетинг со гласачите таму. Важно е што демократите, нивните законодавци се вознемирени од сопствениот кандидат, но повеќе е важно ако гласачите не го гледаат како остварлива опција“, вели Кејси Бургат од Универзитетот „Џорџ Вашингтон“.
Врвните републиканци во Претставничкиот дом рекоа дека претставниците на администрацијата треба да размислат за користење на уставен амандман што му дозволува на потпретседателот да отстрани претседател кој не е способен да ја извршува функцијата.
„Веќе нема сомнеж дека Џо Бајден не е способен да биде наш врховен командант. Белата куќа на Бајден, екстремно левичарските демократи во Претставничкиот дом и мејнстрим медиумите се во целосна паника бидејќи знаат дека ова е вистина“, смета“, Елис Стефаник, републиканска конгресменка.
Но, со оглед на тоа што лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер не се колеба во својата поддршка, сценариото за замена на Бајден со потпретседателката Камала Харис сè уште е малку веројатно.
Демократите официјално ќе го назначат својот кандидат на нивната конвенција во средината на август.