22 декември, 2022 година

Талибанските безбедносни сили чуваат стража покрај патот во Кабул, Авганистан. Стотици млади жени беа спречени да влезат во авганистанските универзитетски кампуси, еден ден откако талибанските владетели им забранија високо образование.

Папата Франциско, десно, ги поздравува верниците облечени како Тројцата мудреци за време на неговата неделна општа аудиенција во салата Павле VI во Ватикан.

Жена е удирана со стап од шеријатски полицаец како казна затоа што била фатена во непосредна близина со маж во Банда Ачех, Индонезија.

Нуркач облечен во костим на Дедо Мраз им мавта на младите посетители во аквариумот Sea Life Bangkok Ocean World во Бангкок.

Постара жена прима вакцина против ковид-19 во Данжаи, во југозападната кинеска провинција Гуижоу.

Уличен продавач мигрант ја турка својата количка на работа додека го започнува денот од своето привремено засолниште во студено утро во Џаму, Индија.

Персоналот на граничните безбедносни сили патролира долж граничната ограда за време на студеното утро во близина на индиско-пакистанската граница Вагах, на околу 40 километри од Амритсар.

Илјадници пингвини се собираат на островот Посесион, во јужниот дел на Индискиот Океан.

Припадник на Националната гарда на Тексас ги надгледува бреговите на реката Рио Браво, границата меѓу Соединетите Држави и Мексико, со цел да ја зајакне безбедноста на границата и да го спречи преминувањето на мигрантите во Соединетите држави.

Зимски пливач плива во делумно замрзнато езеро по снежните врнежи во Шенјанг, во североисточната кинеска провинција Лиаонинг.

Жена војник од почесната гарда стои за време на комеморативната верска служба за загинатите во антикомунистичкото востание во 1989 година на Универзитетскиот плоштад, во Букурешт, Романија. Учесниците и членовите на семејствата на убиените ја одбележаа 33-годишнината од антикомунистичкото востание, кое започна во Букурешт на 21 декември 1989 година.

Светот низ фотографии