Вечерва дебата во Јужна Каролина, Сандерс можен таргет на напади

Сенаторот од Вермонт има предност по победата во Невада изминатиов викенд

Седум кандидати за демократската претседателска номинација вечерва ќе имаат дебата во сојузната држава Јужна Каролина.

Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс има предност по победата во Невада изминатиов викенд, кој води и според бројот на делегати, кои се потребни за да се избере противкандидатот на Трамп на изборите во ноември.

Оваа позиција го става Сандерс како потенцијален таргет на напади од страна на другите кандидати, иако јавните анкети покажуваат дека фокусот во Јужна Каролина би можел да се сврти кон поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Анкетите, исто така, покажуваат потенцијална можност и за милијардерот Том Стајер, кој се очекува да добиде најголема поддршка досега.