Дали Америка за прв пат ќе испише историја со свој „прв господин“?

Your browser doesn’t support HTML5

Ако демократската претседателска кандидатка Камала Харис влезе во историјата со тоа што ќе биде избрана за прва жена претседател на Америка, нејзиниот сопруг Даг Емхоф исто така би ги скршил бариерите и би станал „првот господин“ во САД. Дора Мекуар има повеќе.

Даг Емхоф помина речиси четири години како најголем поддржувач на неговата сопруга.

„Многу те сакам многу. Толку сум горд на тоа како се борите за сите нас“, вели Даг Емхоф, втор господин на САД.

Тоа е улогата што поранешниот адвокат во областа забава очекува да ја продолжи ако Камала Харис биде избрана за претседател, а Емхоф влезе во историјата со тоа што ќе стане првиот машки сопружник на актуелен претседател.

„Ќе пристапам на ист начин. Онаму каде што ќе можам да бидам најкорисен за неа... ја поддржувам, ја сакам и тука сум за неа, но и како можам да и помогнам кога би била претседател, да и помогнам на администрацијата, на американскиот народ, и на кои прашања можам да работам“, рече Емхоф.

Емхоф се оженил со Харис во 2014 година, се запознале на слепо беа претходно да се знаат еден со друг. Како што растеше политичкото богатство на неговата сопруга, Емхоф многу јавно ја прифати улогата на сопруг кој ја поддржува.

„Тој беше јасен дека не е над улогата што ја има, и оти не сака никој да мисли дека затоа што е маж дека не може да има споредна улога“, вели Кели Дитмар од Универзитетот Рутгерс-Камден.

Емхоф се откажа од својата работа во адвокатска канцеларија и почна да предава на Универзитетот Џорџтаун кога Харис стана потпретседателка. Тој вели дека неговата сопруга го поттикнала во улогата на втор господин да ја направи своја.

„Како прв маж со ваква улога – ајде да разговараме за родовите прашања. Зборував многу за родовата еднаквост, рамноправноста во платите, семејното отсуство, грижата за децата“, вели Емхоф.

Во САД, политичките сопружници на највисоко ниво отсекогаш биле жени. Но, Емхоф покажа дека е прилагодлив, вели Анита Мекбрајд од Универзитетот Американ.

„Тој зборува за нивниот семеен живот за неговата улога. Вели ‘мојата најважна работа е да ја поддржам потпретседателката’“, вели Анита Мекбрајд од Универзитетот Американ.

Како втор господин, Емхоф, кој е Евреин, исто така водеше антисемитистичка иницијатива за администрацијата на Бајден.

Првите дами традиционално се фокусираат на општествени активности како што се државни вечери и одобрување на празничните украси во Белата куќа.

„Ги гледате храната, цвеќињата и порцеланот. Дали тоа ќе биде нешто што тој ќе сака да го прави? Можеби да, а можеби не“, додаде Мекбрајд.

Како претседател на Организацијата на сопружници во Сенатот, Емхоф веќе покажа подготвеност да ја прифати традицијата.

„Има неколку ручеци, има настан во резиденцијата на потпретседателот, па само се погрижив да учествувам на тие традиционални настани и, како прв господин, има одредени традиции кои очекувам дека целосно ќе ги исполнам“, вели вториот господин Емхоф.

Првите дами обично ги донираат своите фустани кои ги носат на инаугурацијата во музејот Смитсонијан во Вашингтон. Дали џентлменскиот костум наскоро ќе се приклучи на колекцијата останува да видиме.