ДАКА засега останува на сила

Засега нема реакција од актуелната администрација

Американски федерален судија и` нареди на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, да ја задржи во сила програмата за заштита од депортација на 700.000 недокументирани имигранти, позната како ДАКА.

Ова важи за голем удар на напорите на Трамп да ја укине програмата. Окружниот судија Џон Бејтс воедно му нареди на Одделот за домашна безбедност да прифати нови апликации за програмата, за прв пат откако стана закон во 2012-та година.

Судијата рече дека владините напори да се стави крај на ДАКА се илегални. Тој истакна дека одлуката важи за 90 дена, да им се даде на официјалните лица повеќе време да дадат добра причина зошто се укинува програмата.

Засега нема реакција од актуелната администрација.