Размената на информации клучна за поголема кибернетска безбедност

Над 1.000 влијателни лидери од областа на кибернетиката, технологијата и владиниот сектор се собраа во Вашингтон на DC CyberTalks - конференција слична на TED конференциите, за да разговараат за актуелните проблеми во областа на кибернетската безбедност

Кибернетските напади се закана за изборните системи, јавната инфраструктура и националната безбедност дури и во најразвиените држави во светот.

Кибернетскиот просторот е цел на растечки закани. Затоа дури и најсилните економии работат на развивање на капацитети за навремено откривање и спречување на кибернетските закани.

Во фокусот на дискусиите na DC CyberTalks 2019 се најдоа приоритетите на кибернетската безбедност, трендовите, иновациите, но и безбедносни предизвици што претстојат


За да се осигури кибернетската безбедност потребен е мултисекторски пристап, односно вклучување на сите засегнати страни. Од исклучително значење е и размената на информации.

Вакви се препораките од DC CyberTalks - конференција слична на TED конференциите, која на 24 октомври ја организираше Cyber Scoop во Вашингтон. Над 1.000 влијателни лидери од областа на кибернетиката, технологијата и владиниот сектор се собраа во Вашингтон за да разговараат за актуелните проблеми во областа на компјутерската безбедност. Во фокусот на дискусиите се најдоа приоритетите на кибернетската безбедност, трендовите, иновациите, но и безбедносни предизвици што претстојат.

Ен Нурбергер, од Агенцијата за национална безбедност посочи дека од исклучително значење е владините институции и приватниот сектор да имаат заеднички пристап во кибернетската одбрана. ,,Работењето со приватниот сектор се покажа како мошне ефективно во областа на кибернетската безбедност бидејќи се работи за различни делови на сложувалката. Потребно е да се види кои се актерите, кој е заинтересиран за таа интелектуална сопственост, кој е заинтересиран за таа конкретна комуникација. Ако ги ставите сите делови на сложувалката заедно можете да работите на превенција. Затоа треба да имаме увид во работите, да имаме тесна соработка со приватниот сектор, да ги разбереме елементите на сложувалката кои што тие ги имаат и да ги превенираме заканите“, вели Нурбергер.

Сепак таа посочува дека треба да се следат трендовите и пристапот да се менува согласно со нив. „Долго време имаме тесна соработка со приватниот сектор, но она што се менува е да се креираат процеси за класификација и да разбереме кој има најголема корист од тоа.

Крис Кребс од Одделот за домашна безбедност посочи дека е потребно да се изготват пакети на одбранбени мерки. „Потребно е да се споделуваат контактите, не само индикаторите. За да разбереме што се случува и зошто. Важно е да ги ставиме работите во вистински контекст. Размената на информации е повеќе од тоа да се постигне компромис за индикаторите. Кога размената на информации ќе се постави во соодветен контекст може да направи голема разлика во донесувањето на одлуките на сите нивоа. Контекстот е многу важен. Затоа е важна соработка со приватниот сектор и со разузнувачката заедница“, рече Кребс, кој рече дека е многу важно да се идентификува кои специфични групи ги вршат кибернетските напади.