Ако владата добие црвен картон на локалните, ќе има и предвремени парламентарни избори. Премиерот денеска изјави дека локалните избори ќе го покажат вистинското расположение на народот. На иста линија се и неговите коалициони партнери од „Вреди“. Идејата за предвремени парламентарни избори наесен, заедно со локалните, секојдневно, упорно ја актуелизира лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но од владејачките партии му порачуваат, повеќе да размислува за партијата, а помалку за изборно соочување.
„Црвен картон“ на локални за предвремени парламентарни избори
Your browser doesn’t support HTML5
ДУИ го актуелизираше барањето а експресно одговорија од коалицијата „Вреди“ кои му порачаа дека треба да се посвети на реформи во партијата и да се навикне во опозиција.