Целосно вакцинираните Американци не мора да носат маска

Ако сте целосно вакцинирани, можете да започнете да ги правите работите што сте престанале да ги правите поради пандемијата

Здравствените власти препорачуваат укинување на повеќето ограничувања во врска со пандемијата за луѓето кои се целосно вакцинирани.

Тоа значи дека нема повеќе маски или социјално дистанцирање, во затворени простории или на отворено, според ажурираното упатство од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на САД.

„Ако сте целосно вакцинирани, можете да започнете да ги правите работите што сте престанале да ги правите поради пандемијата“, рече директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски”. Сите копнеевме по овој момент, додаде таа.

Засега, маските се уште се потребни во авиони, возови и автобуси. Валенски рече дека ЦДЦ наскоро ќе ги ажурира упатствата за патувања, како и препораките за училиштата, камповите и другите места.

Валенски остави на локалните лидери да одлучат дали бизнисите и другите места за собирање треба да продолжат да бараат носење на маски.

Експертите велат дека објавата е добра вест.

"Науката за ова е прилично јасна. Вакцинираните луѓе ретко се разболуваат и не го пренесуваат вирусот во голема мера", напиша на Твитер деканот Дин Ашиш од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Браун.

Валенски рече дека ЦДЦ ги ажурира упатствата затоа што случаите опаднале за една третина во последните две недели, а вакцините се широко достапни. Американските регулатори во понеделникот ја овластија вакцината Фајзер дека може да се користи и кај тинејџери на возраст од 12 години.

Валенски, исто така, истакна дека новото истражување објавено во изминатите неколку недели покажа колку се ефикасни вакцините во реалниот свет, не само во контролираните клинички студии, и како тие дури спречуваат инфекција со варијантите кои циркулираат во САД. И, во ретки случаи во кои вакцинираните лица сè уште се инфицираат, нивните инфекции се поблаги и поретко се шират на други отколку инфекциите кај невакцинираните лица.

Објавувањето доаѓа во моментот кога стапките на вакцинација опаѓаат во САД. Се администрираат нешто помалку од два милиони дози на ден во просек, помалку од претходните три милиони во средината на април.

Валенски ги охрабри сите да се вакцинираат.

„Вашето здравје и колку брзо ќе се вратите во нормален живот, е во вашите раце“, рече таа.