Во САД во еден ден над 60.000 нови случаи на коронавирус

Мексико ја надмина Италија во однос на смртните случаи од КОВИД-19

Индија забележа нов дневен рекорд на нови случаи на коронавирус, додека во САД продолжува да расте бројот на инфицирани, а Мексико ја надмина Италија во однос на смртните случаи на КОВИД-19.

Од денеска задолжителна стана обврската за носење маски во јавност во Хрватска и во четири шпански региони


Индиските здравствени власти потврдија нови 28.701 нови случаи во изминатите 24 часа. Индија е веднаш зад САД и Бразил по бројот на инфекции, а властите во неколку држави воведуваат ограничувања, за да се обидат да го забават ширењето на вирусот.

Министерството за здравство на Мексико објави во неделата дека бројот на починати во државата се искачи на 35.006, четврти највисок смртен биланс во светот и ги потсети луѓето на потребата да практикуваат социјално дистанцирање, да носат маска и да ги мијат рацете.

САД во неделата потврди повеќе од 60.000 нови случаи.

Во Флорида во неделата за 24-часа бројот на инфицирани се зголеми за 15.299.

Највисокиот американски здравствен службеник ги повика сите да носат маска кога се во јавност за да спречат ширење на КОВИД-19.

Еден ден откако претседателот Доналд Трамп беше виден за прв пат како носи маска на лицето во јавност, координаторот за здравство на САД Џером Адамс за Си-Би-Си изјави дека е потребно луѓето да се едуцираат зошто е важно да ги покријат своите лица наместо да се пристап на „големиот брат ”.

Трамп носеше маска за време на посетата на Националниот воен медицински центар Валтер Рид.

„Кога сте во болница, особено ... Мислам дека е одлично да носите маска“, рече тој.

Од денеска задолжителна стана обврската за носење маски во јавност во Хрватска и во четири шпански региони - Андалузија, Арагон, Ла Роја и Наваре.

Андалузискиот лидер Хуан Мануел Морено изјави дека властите се исплашени од наплив на туристи кои без маски ќе шетаат по улиците и ќе влегуваат во рестораните во оваа популарна туристичка дестинација.

Шпанија е една од земјите најтешко погодени од коронавирусот. Државата почна да ги олеснува ограничувањата минатиот месец. Но, некои локални власти почнуваат повторно да воведуваат ограничувања, бидејќи сè поголем број нови случаи предизвикуваат стравувања од втор бран.