ВАШИНГТОН —
Колин Пауел, првиот Афроамериканец државен секретар на САД и висок воен офицер, почина од компликации од ковид-19, соопшти неговото семејство, објави „Ројтерс“.
„Тој беше целосно вакциниран. Изгубивме прекрасен сопруг, татко, дедо и голем Американец“, напиша семејството на Пауел на неговата Фејсбук страница.
Армиски генерал со четири ѕвезди тој беше претседател на Генералниот штаб во времето на Џорџ Буш постариот. Како умерен републиканец и прагматичар тој беше државен секретар на САД за време на администрацијата на Џорџ Буш.