Гутереш побара дополнителни 35 милијарди долари за фер дистрибуција на вакцините против ковид-19

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, побара дополнителни фондови од 35 милијарди долари за програма, која е потребна за развој и праведна дистрибуција на вакцините против ковид -19, и третманите на светско ниво.

Гутереш, на виртуелен состанок со меѓународните лидери, рече дека целта на програмата е да се забрза развојот на вакцината и третманите за ковид-19.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, пак, рече дека билатералните договори за вакцина меѓу државите би можеле да го компромитираат фер пристапот до вакцините.