Тие денес склучија договор со фармацевтската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер, за купување на вакцината доколку е безбедна и ефективна
ВАШИНГТОН —
Владата на САД ќе им плати 1,95 милијарди долари на фармацевтската компанија „Фајзер“ и на нејзиниот германски партнер, за 100 милиони дози вакцина против КОВИД-19, ако успеат да ја направат вакцината.
Компаниите изјавија дека направиле договор со Одделот за здравство, како и со Одделот за одбрана, за да ја испорача вакцината на која работат заеднички.
Секретарот за здравство Алекс Азар, во интервју за „Фокс њуз“, рече дека САД би можеле да купат 500 милиони дополнителни дози, ако се докаже дека вакцината е безбедна и ефективна.
Овој договор е дел од иницијативата на претседателот Доналд Трамп, да се обезбедат 300 милиони дози одобрена вакцина до јануари следната година.