Една недела откако Нов Зеланд прогласи победа над коронавирусот, премиерката Џасинда Ардерн соопшти дека има два нови случаи на Ковид-19.
Властите во вторникот открија две жени кои неодамна пристигнале од Лондон во посета на роднина која била тестирана позитивна на Ковид-19, но дури откако им било дозволено заради сочувство рано да го напуштат задолжителниот 14 дневен карантин по што патувале низ целата земја од Оукленд до Велингтон.
Премиерката денеска изјави дека го назначува помошник началникот за одбрана на земјата, да ги надгледува сите карантински и изолациони објекти.
Здравствените власти соопштија дека контактираат околу 320 луѓе кои биле на летот или во хотелот во кој престојувале двете жени во карантин.
Ардерн ги укина преостанатите социјални и економски ограничувања минатиот понеделник откако изјави дека Нов Зеланд го елиминира преносот на коронавирусот. Пред двете жени да се тестираат позитивно, земјата цели 24 дена немаше нови потврдени случаи на КОВИД-19.
Од почетокот на пандемијата па досега Нов Зеланд има вкупно 1.154 потврдени инфекции со коронавирус, вклучително и 22 смртни случаи од вкупно пет милиони граѓани.