Сиднеј, Австралија ја дочека Новата година со огномети, иако некои делови од државата се соочуваат со рекорден број на заразени со омикрон.
Во САД, здравствените лица предупредуваат дека во време на брзо ширење на омикрон, граѓаните не треба да слават во големи групи.
Доктор Џонатан Рајнер од Универзитетот Џорџ Вашингтон, во изјава за Си-ен-ен, рече дека „мислам оти сега се наоѓаме во најголемата јавна здравствена криза“.
Доктор Ентони Фаучи, водечки експерт за заразни болести во САД, ги повика граѓаните да избегнуваат гужви за Нова година, и наместо тоа да се собираат во помали групи со вакцинирани пријатели и членови на семејства.
САД вчера регистрираа 580.000 нови случаи на заразени со ковид-19, според податоците на „Њујорк тајмс“, надминувајќи го бројот на заразени од претходнит ден, кога тој изнесуваше 488.000 нови заразени.
Големиот број на нови слуачи ги принуди американските авиокомпании да откажат илјадници летови, оставајќи многу патници заглавени. Во меѓувреме, Центрите за контрола и превенција ан болести на САД, предупредија да се избегнуваат крузерите.