Лидерите на 20-те најбогати нации во светот ќе се состанат на крајот на неделава да разговараат за тоа како да се реши поделбата на светот меѓу вакцинирани и невакцинирани.
Загриженоста за пандемијата веројатно ќе го засени првиот собир на лидерите на Г-20 од 2019 година, а рамноправноста во распределба на вакцините се очекува да биде главен проблем.
Самитот почнува в сабота во Рим. Американскиот претседател Џо Бајден тврди дека САД се најбогатата нација во светот, како и „светскиот арсенал на вакцини“.
САД ветија испорака на огромен број вакцини или 1,1 милијарда. Дел од ветените вакцини се всушност испорачани, а нова студија на компанијата за аналитика „Ерфинити“ покажа дека земјите од Г-20 примиле 15 пати повеќе дози на ковид вакцини по глава на жител отколку земјите во субсахарска Африка.
Светските лидери пред претстојниот самит кажаа дека заедно се подготвени да направат повеќе.