Универзитетот Џонс Хопкинс денес објави дека глобалната бројка на заразени со ковид-19 достигнала над 180 милиони
ВАШИНГТОН —
Асошиетед прес објави дека нејзина анализа на неодамнешни смртни случаи како последица на ковид-19, покажала оти сите починати биле невакцинрани лица.
Агенцијата рече дека резултатите од нејзиното истражување биле „шокантна демонстрација за тоа колку се ефективни вакцините“.
Дополнително, Асошиетед прес, вели дека смртните случаи на ден „би можеле да бидат практично нула ако секој квалификуван ја прими вакцината“.
Универзитетот Џонс Хопкинс денес објави дека глобалната бројка на заразени со ковид-19 достигнала над 180 милиони.
Три држави со најголем број заразени се САД со 33,6 милиони случаи, Индија со повеќе од 30 милиони заразени, и Бразил со 18, 2 милиони заразени лица.