Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, рече дека Европската Унија сака да разговара за предлогот да се укине заштитата на интелектуалната сопственост врз вакцините против ковид-19, еден ден откако администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден сигнализираше дека би го поддржала ваквиот предлог.
Во виртуелен говор, таа рече дека ЕУ е подготвена да разговара за какви било предлози што ја адресираат кризата на ефективен и прагматичен начин.
Вчера, претставничката на САД во Светската трговска организација (СТО) Кетрин Таи ја најави одлуката, велејќи дека „администрацијата цврсто верува во заштитата на интелектуалната сопственост, но, во служба да се стави крај на оваа пандемија, поддржува укинување на таа заштита врз вакцините против ковид-19“.
Претседателката на Европската комисија рече дека пандемијата е глобална здравствена криза, и оти вонредните услови во пандемијата на ковид-19, бараат вонредни мерки.