Вакцината на „Фајзер“ безбедна и за деца на возраст од 12 до 15 години

Компанијата соопшти дека во наредните недели ќе бара дозвола за итно одобрување на вакцината во САД и за оваа група деца

Фармацевтската компанија „Фајзер“ рече дека нејзината вакцина против ковид-19 е безбедна и ефективна за деца на возраст од 12 до 15 години, што би можело да доведе до целосно отворање на сите училишта во САД до крајот на годината.

Двете компании „Фајзер“ и „ВиоНтек“ изјавија дека тестирањето, во кое биле вклучени преку 2.200 деца, покажало оти ниту едно од децата кои ја примиле вакцината било заразено со коронавирус, во споредба со 18 во втората група кои добиле плацебо, или не примиле вакцина.

Вакцината во моментов е одобрена за сите лица, почнувајќи од 16- годишна возраст. Од „Фајзер“ изјавија дека во наредните недели ќе бараат дозвола за итно одобрување на вакцината во САД и за деца од 12-годишна возраст нагоре.