И покрај предупредувањата, неколку држави ја купија вакцината Спутник В
ВАШИНГТОН —
Европската Унија ги предупреди земјите-членки против набавката на руската вакцина против ковид-19 Спутник В, бидејќи се`уште не ја завршила ревизијата на вакцината. И покрај предупредувањата, неколку држави ја купија вакцината.
Според најновите податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс, досега се регистрирани речиси 117 милиони заразени на глобално ниво.
САД има најмногу заразени, речиси 30 милиони, по кои следат Индија со 11,2 милиони и Бразил со 11 милиони.
Британија денес ги отвори сите училишта, во момент кога државата има најмала стапка на смртни случаи од минатиот октомври.
И Виетнам денес почна со програмата за имунизација, со која прво се опфатени здравствените работници.