ВАШИНГТОН —
Многу држави во светот го враќаат карантинот, како и другите рестриктивни мерки, како што бројот на заразени на глобално ниво достигна над 12 милиони, и 553.000 смртни случаи, заклучно со вчера.
Привремената претседателка на Боливија Жанин Ањес, изјави дека е позитивна на КОВИД-19.
„Се чувствувам добро. Ќе продолжам да работам од изолација“, напиша таа на Твитер.
И бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој долго време велеше дека луѓето не треба да се грижат за вирусот, е тестиран позитивен на КОВИД-19.
Градоначалникот на Рио де Женеиро, пак, рече дека градските плажи, едни од најпознатите во светот, официјално нема да бидат отворени додека не се најде вакцина.