ЕУ, СЗО и 23 држави бараат меѓународен договор за справување со идни пандемии

Целта на ваков договор би била да се обезбеди универзален и еднаков пристап до вакцини, лекови и дијагностики за глобални здравствени кризи

Лидерите на Европската Унија, Светската здравствена организација (СЗО) и 23 други држави, изразија поддршка за меѓународен договор за пандемија, чија цел е да му се помогне на светот подобро да ги адресира здравствените кризи.

Светските лидери потпишаа извештај објавен во неколку медиуми, поддржувајќи таков вид договор. САД, Кина и Русија не се меѓу потписниците.

Идејата за ваков договор, со цел да се обезбеди универзален и еднаков пристап до вакцини, лекови и дијагностики за пандемии, произлезе од Европскиот совет на Самитот Г20 минатиот ноември.

Британскиот премиер Борис Џонсон поддржа ваков договор на почетокот на годинава.

На заедничка прес-конференција, Европскиот Совет и СЗО кажаа дека „ковид-19 ги истакнал слабостите и поделбите низ нашите општества, и сега е време да се обединиме заедно како глобална заедница да изградиме одбрана од пандемии за идните генерации, што е пошроко од оваа криза“.

Тие ја споредија ситуацијата со поствоената состојба по Втората светска војна, кога светските лидери се обединија да изградат мултилатерален договор за меѓународна соработка.