Ковид-19 може да ја зголеми смртнoста од ХИВ, туберкулоза и маларија

Пандемијата на Ковид-19 го нарушува давањето на здравствени услуги за други болести

Споредните ефекти од КОВИД-19 може значително да го зголемат бројот на починати од ХИВ, туберкулоза и маларија, покажува нова студија.

Пандемијата го нарушува давањето на здравствени услуги насочени кон контрола на овие три болести во државите со ниски и средни приходи. Здравствените власти се загрижени дека ќе бидат загубени повеќегодишните придобивки од напредокот во борбата против овие заболувања.

„Изгледа дека голем дел од минимизирање на целокупното влијание на епидемијата на Ковид-19 во овие држави ќе биде одржувањето на услугите за овие клучни заболувања“, вели професорот од Империја колеџот во Лондон, Тимоти Халет, коавтор на новата студија на „Лансет Глобално здравство“.

((www.thelancet.com/journals/langlo/article/PIIS2214-109X(20)30288-6/fulltext ))

Експертите се соочила со ова и порано. Искуствата од други епидемии сведочат дека луѓето избегнувале да бараат здравствена грижа стравувајќи од зараза, додека презаситените здравствени системи не беа во можност да обезбедат услуги.

Една студија проценува дека нарушувањето на системите за здравствена заштита поради пандемијата на ебола во 2014-15 година во Западна Африка можеби резултирало со повеќе смртни случаи од ХИВ, туберколоза и маларија отколку од самата ебола.

((https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4766886/ ))

Ковид-19 веќе наруши 85% од програмите за ХИВ, 78% од проектите за туберкулоза и 73% од програмите за маларија спроведени од Глобалниот фонд, јавно-приватно партнерство од 4 милијарди американски долари, насочени кон борба против овие болести.

((https://www.theglobalfund.org/en/covid-19/news/2020-06-17-global-fund-survey-majority-of-hiv-tb-and-malaria-programs-face-disruptions-as-a-result-of-covid-19/ ))

Халет и колегите користеле математички модели за да проценат како различни сценарија за контрола на КОВИД-19 би влијаеле на системите за здравствена заштита и како тоа би влијаело на пациенти со ХИВ, туберколоза и маларија.

Ковид-19 води кон презаситеност во здравствениот систем и нарушување на испораката на услуги за другите три болести.

Моделите предвидуваат дека нарушувањето би го прекинало пристапот до антивирусни лекови за пациенти со ХИВ, зголемувајќи го бројот на смртни случаи за дури 10% во текот на следните пет години. Прекинатата дистрибуција на мрежи третирани со инсектициди наменети за кревети би ја зголемила смртноста од маларија до 36%.

Од друга страна, целосен карантин би го потиснал Ковид-19, но тоа би влијаело на услугите за другите три болести, особено туберкулозата. Смртните случаи според ова сценарио би се зголемиле за 20% во текот на следните пет години, бидејќи пациентите кои не се лекуваат ја шират оваа болест.