Наведувајќа ја како причина загриженоста во врска со безбедноста, американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја откаже конвенцијата на Републиканската партија следниот месец во Џексонвил, Флорида - едно од американските жаришта на коронавирусот.
Поради порастот на пандемијата во Флорида „не е вистинско време“ да се одржи голема конвенција, им рече Трамп на новинарите во салата за брифинг во Белата куќа во четвртокот.
„Морам да го заштитам американскиот народ. Тоа е она што секогаш го правев. Тоа е она што секогаш ќе го правам“.
Околу 330 делегати сепак ќе се состанат во Шарлот, Северна Каролина, по повод официјалното номинирање на Трамп за кандидат на Републиканците за претседател.