Сопругот на сенаторката Ејми Клобучар позитивен на коронавирус

Клобучар била советувана да не се тестира, бидејќи не ги исполнува критериумите за тоа

Сенаторката и поранешна претседателска кандидатка Ејми Клобучар денеска потврди дека нејзиниот сопруг кој се тестирал за КОВИД-19 е позитивен.

„Имам новости со кои се соочуваат многу Американци во моментот: мојот сопруг Џон има коронавирус“, напиша Клобучар.

Американци низ целата држава пријавиле потешкотии во тестирањето, дури и кога имаат симптоми.


Клобучар продолжи со детали за тоа каде се наоѓал нејзиниот сопруг во последните две недели и објасни дека, бидејќи тие биле на различни места, била советувана да не се тестира.

„Како што сите се свесни, има недостиг на тестови за луѓето на кои им требаат насекаде и јас не ги исполнувам критериумите за да добијам тест“, напиша таа.

[[https://twitter.com/amyklobuchar/status/1242097981991653379?s=20 ]]

Американци низ целата држава пријавиле потешкотии во тестирањето, дури и кога имаат симптоми.

Светската здравствена организација ги повика државите да ги зголемат своите капацитети за тестирање, како едно од клучните средства за борба против пандемијата.