Засега нема регистрирано смртни случаи како резултат на овој вирус надвор од Кина
ВАШИНГТОН —
Осумдесет лица мртви, а повеќе од 2.700 се заразени од коронавирус досега, јавија кинеските здравствени официјални лица.
Слуачи на вирусот се регистрирани и во Австралија, Канада, Франција, Хонконг, Јапонија, Макао, Малезија, Непал, Португалија, Сингапур, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд, САД и во Виетнам.
Светската здравствена организација (СЗО) вели дека повеќето од овие лица патувале во кинескиот град Вухан, а некои од нив имале контакт со некој што патувал таму.
Досега нема регистрирано смртни случаи како резултат на овој вирус надвор од Кина.
Центрите за контрола и превенција на болести во САД, изјавија дека пет лица се заразени од вирусот, и оти сите тие имале директен контакт со лица во Вухан.