Запленети 800 килограми кокаин во меѓународна акција

Полицијата во четири држави пресече меѓународен канал за трговија со дрога кој шверцувал кокаин во странство преку комерцијални авионски летови.

Колумбиската полиција соопшти дека десетици луѓе од Австралија, САД и Шпанија се уапсени, вклучувајќи го и Хорхе Хуан Мерло од Шпанија, осомничен дека е водач на меѓународниот канал.

Речиси 800 килограми кокаин, 200.000 долари во кеш, автомобили и мобилни телефони се запленети.

Во одделна акција во четвртокот, шпанските власти соопштија дека пронашле речиси шест тони кокаин скриен во пратка со банани и уапсиле 16 луѓе.

Полицијата исто така конфискуваше готовина, оружје и луксузни автомобили во рација во јужното пристаниште на Малага.

Шпанија соошти дека холандски криминалци стоеле зад меѓународниот канал кој шверцувал кокаин со бродови од Јужна Америка во Португалија, а потоа во Шпанија и Холандија.