Вирус или бактерија – важна разлика за третирање на настинките

Крвен тест што прави разлика за да се избегне преголемата употреба на антибиотиците.

Кога имате болки во градите, лекарите се најчесто во дилема дали станува збор за бактериска или вирусна инфекција. А, тоа е важно затоа што едниот вид на инфекција може да се лекува со антобиотици, а другиот не може. Загрижени за прекумерната употреба на антибиотици, истражувачите развија тест за крвта преку кој лекарите ќе можат да ја донесат вистинската дијагноза.

Отпорноста на антибиотици станува се` поголем проблем низ целиот свет. Јавните здравствени експерти алармираат дека бактериската инфекција која може да се лекува на друг начин веќе не реагира на антибиотици.

Еден од најголемите виновници е третманот на обични настинки. Експертите велат дека лекарите често им препишуваат на пациентите антибиотици бидејќи не можат да го дијагностицираат изворот на болеста.

Професорот по медицина Ефром Цалик од Универзитетот Дјук во Северна Каролина вели дека вирусните инфекции не реагираат на антибиотици и дека ризикот е со време пациентите да станат отпорни на антибиотици.

Тој и неговите колеги развија тест за крв со цел лекарите да можат полесно да утврдат дали станува збор за бактериска или вирусна инфекција и да можат да препишат соодветни лекарства.

Во студијата биле вклучени 31 лице, од кои 10 со бактериска пневмонија и 21 со грип.

Истражувачите развиле профили на околу 20.000 гени.

Гените покажале различна активност во зависност од тоа дали некој е заразен со бактерија или вирус.

Потоа, истражувачите тестирале примероци од крв на триста болни пациенти.

Микробите покажале инфекции од риновируси и стрептокока.

Цалик и неговиот тим ги споредиле овие резултати со профилите на гени на луѓето кои не се болни. Она што било констатирано е дека само можноста да се направи разлика помеѓу овие различни групи е напредок во однос на моменталната состојба.

Во моментот истражувачите работат на скусување на времето потребно за обработка на тестот на еден час од сега потребните потребните 24 часа.