Никотинот го засилува ефектот на кокаинот

Никотинот го засилува ефектот на кокаинот

Нова студија од Универзитетот Колумбија ја нагласува улогата на тутунот во зависноста од кокаин. Истражувањето индицира дека никотинот може да е клучен во биолошки и социјален контекст.

Амир Левин вели дека има некоја логика во поставката, дека адолесценти започнуваат да користат дрога со алкохол и никотин, а потоа напредуваат кон марихуана и посериозни дроги.

„Се прашавме дали таа секвенца има влијание на други дроги подоцна во процесот на нивно користење“, вели Левин.

Барајќи го одговорот, Левин и неговите колеги користеле лабораториски глувци, и додале никотин во нивната вода. Тие потоа вбризгале во глувците кокаин и го споредиле нивното однесување со дрогирани глувци што немале добиено никотин.

„Најдовме дека кога тие беа третирани прво со никотин, ефектот – во однос на однесувањето, беше понагласен кога им беше даден кокаин“.

Левин вели дека истражувачите виделе ефект дури и со многу мала количина на никотин.

Ко-авторот и нобелов лауреат (за Медицина, во 2000) Ерик Кандел додава дека никотинот „драматично“ го зголемува ефектот на кокаинот.

Никотинот има директен ефект на ДНК, Амир Левин објаснува, практично изложувајќи ги гените што се поврзани со зависноста.

За потврда од реалниот живот, друг ко-автор, Дениз Кандел, сопруга на Ерик Кандел) ревидирала студија од 1992 за корисници на кокаин:

„И таа најде дека ако сте почнале да пушите пред да почнете со кокаин, многу поверојатно е дека ќе станете зависни од кокаин“.

Од друга страна, оние кои користеле кокаин, но не пушеле претходно, имале помали изгледи да станат зависни.

Ко-авторот Ерик Кандел вели дека подлабоко разбирање на биолошкиот процес на зависност може да води кон поефикасен третман.

Пишувајќи во журналот „Science Translational Medicine," авторите исто така велат дека нивното истражување ја нагласува потребата за поефикасни програми за престанок на пушење, особено наменети за младите луѓе.