Заради згрутчување на крвта американската државна секретарка е задржана во болница во Њујорк.
Лекарите внимателно ја следат здравствената состојба на американската државна секретарка Хилари Клинтон, која беше хоспитализирана во неделата заради згрутчување на крвта.
Клинтон е во болница во Њујорк, откако лекарите откриле згрутчување формирано по падот порано месецов.
Клинтон последниве недели имаше стомачен вирус што ја принуди да ги откаже јавните настапи и планови за патување. На 21 декември таа падна, и ја удри главата.
Клинтон планира да ја напушти функцијата во јануари, откако претседателот Барак Обама ќе биде инаугуриран во вториот мандат. Таа посети 112 држави за време на нејзиниот мандат, што е најмногу во споредба со сите други досегашни американски државни секретари.
Таа ќе остане во болница до вторник.