Клинтон се сретна со претседателот на Бурма

Your browser doesn’t support HTML5

Клинтон се сретна со претседателот на Бурма

Разговорите се случија на маргините на конференцијата во Камбоџа.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон се сретна со претседателот на Бурма Теин Сеин во петокот, откако САД формално ги симнаа економските санкции спрема југоисточната азиска нација.

Разговорите се случија на маргините на конференцијата во Камбоџа. Клинтон се сретна со претседателот Теин Сеин во декември, за време на историската посета на Бурма.

Вашингтон ги прекина санкциите во средата, дозволувајќи американските компании да инвестираат во Бурма за прв пат по 15 години.

Белата куќа вели дека потегот, за прв пат објавен во мај, доаѓа како одговор на „важни економски и политички реформи“ направени од цивилната влада на Бурма.