Лекарската група во Судан извести дека бројот на загинати цивили затекнати во борбите меѓу суданската војска и паравоените сили пораснал на најмалку 97, а 365 се повредени, според Ројтерс. Други извештаи велат дека во овие борби околу 600 луѓе се повредени.
Меѓународниот комитет за спасување објави дека ги запрел своите операции во Судан, освен во Тунајдба, каде што рече дека сè уште е во состојба да обезбедува услуги за бегалското население.
Во соопштението, регионалниот потпретседател на Меѓународниот комитет за спасување Курт Тјосем рече: „Конфликтот ја наруши хуманитарната акција каде што над една третина од населението, околу 15 милиони луѓе, вклучително и бегалците, се соочуваат со акутна несигурност во храната. Хуманитарните актери имаат ограничена можност да влезат и да дејствуваат во области со тековни војни. Меѓународниот комитет за спасување ги повикува сите засегнати страни да работат без одлагање на решавање на отворените прашања со цел да се постигне траен, инклузивен политички мир“.
Борбите избија во саботата меѓу армиските единици лојални на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шеф на преодниот владејачки суверен совет на Судан, и паравоените сили за брза поддршка, или РСФ, предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало, заменик-шеф на советот.
ОН објавија тричасовен прекин на огнот доцна попладне во неделата меѓу двете групи, но жителите во изјава за медиумите дека силни експлозии и континуирани пукотници, како и воздушни напади врз цели на Паравоените сили за брза поддршка, можеа да се слушнат во неделата навечер.
Рано во неделата, силните пукотници можеа да се слушнат во центарот на Картум, околу воениот штаб на Судан и претседателската палата. И војската и Паравоените сили за брза поддршка тврдат дека имаат контрола над овие стратешки локации.
Некои материјали во овој извештај се користени од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.