Според ФБИ, Русија продолжува да се меша во САД

Москва користи тајни операции за манипулирање со Американците

Директорот на ФБИ Кристофер Вреј вели дека Русија продолжува да сее раздор во САД.

Говорејќи на безбедносниот форум во Аспен, Колорадо, Вреј вели дека Москва користи тајни операции за манипулирање со Американците.

„Се` уште нема напредок во таргетирање и насочување на конкретна изборна инфраструктура овој пат. Но, секако, има други напори или злонамерни операции, кои се многу активни. За мене тоа е закана што треба да ја преземеме исклучително сериозно“, изјави Кристофер Вреј, директор на ФБИ.

Говорот на Вреј следуваше веднаш по денот кога во Вашингтон претседателот Трамп ја прифати проценката на разузнавачките агенции дека Русија се мешала во претседателските избори во 2016-та година но, и дали тој верува дека Москва продолжува да се обидува да влијае на изборите во САД.

Вреј, исто така, ја отфрли понудата на рускиот претседател Владимир Путин да му дозволи на САД да пристапи на 12 руски офицери на воената разузнавачка служба, кои беа обвинети за мешање на изборите во замена за можноста да интервјуираат Американци кои Кремљ ги обвини за неодредени кривични дела.

Белата куќа соопшти дека барањето се разгледува.