Американските претставници соопштија дека двете страни се близу до финализирање на договорот
ВАШИНГТОН —
Американските трговски претставници велат дека е направен напредок во последните преговори со Кина за постигнување договор.
„Двете страни со близу до финализирање на некои делови од договорот“, соопштија тие.
Разговорите уследија ден откако потпретседателот на САД Мајк Пенс ја критикуваше Кина за прекршување на човековите права, непочитување на меѓународните трговски правила, додавајќи дека администрацијата на Трамп е подготвена да направи компромис, со цел ставање крај на трговската војна меѓу двете најголеми светски економии.