Кинескиот претседател бара промена на Уставот

Ши Џинпинг смета дека треба да се отстранат ограничувањата на термините за претседател и потпретседател на државата

Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, предложил од Уставот да се отстранат ограничувањата на термините за претседател и потпретседател на земјата, соопшти официјалната новинска агенција Ксинхуа.

Промената, на кинескиот претседател Ши Џинпинг би му овозможила да остане на функцијата и по 2023-та година.

Во моментов кинескиот Устав налага претседателот и потпретседателот да служат не повеќе од два последователни мандата, од по пет години.